Користење на Интернет во последните 3 месеци како процент на насление (2023)
Процентот на поединци кои користеле Интернет во последните 3 месеци е претставен од базата на податоци на Евростат (2023), а Косово* покажува користење на интернет од 90,2% (податоци од 2020 година) од поединците како и во развиените земји во Европа.
Извор: Еуростат (Користење на Интернет во последните 3 месеци. Референтниот период - генерално, тоа е првиот квартал од годината - периодот од 3 месеци пред истражувањето)
https://ec.europa.eu/eurostat/databrowser/view/isoc_ci_ifp_iu/default/table?lang=en&category=isoc.isoc_i.isoc_iiu
*Податоците се од Националниот завод за статистика Извор: Албански статистички институт (ИНСТАТ), Државен завод за статистика, Косово* од 2020 година
Онлајн купување во последните 12 месеци (како % од поединци кои користеле интернет во последната година)
Најразвиена е Србија со 64,2% од интернет корисниците кои направиле онлајн купување во минатата година. По Србија следат Северна Македонија, Косово* (податоци од 2022 година), Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора (32.1%)
Колку често купувачите купуваат онлајн?
Кога станува збор за фрекфентноста на онлајн купувањата, граѓаните во пазарите на ЦЕФТА во последните три месеци направиле онлајн купување најмногу 1 или 2 пати, особено во Северна Македонија. Почести или 3 до 5 пати онлајн купувања во последните 3 месеци направиле граѓаните на Косово.
Интернет корисници во Босна и Херцеговина најчесто купувале 6 до 10 пати во текот на минатата година.
Извор: Евростат 2023 податоци за Албанија и Северна Македонија од 2021 година, Косово од 2020 година
Колку трошат е-купувачите онлајн?
Граѓаните на пазарите на ЦЕФТА најчесто правеле онлајн нарачки помали од 50 евра. Меѓу пазарите на ЦЕФТА, е-купувачите во Босна и Херцеговина имаат најголем удел на купувачи кои вршат онлајн нарачки помеѓу 100 и 499 евра, во споредба со другите пазари. Онлајн купувањата во износи помеѓу 500 и 999 евра како процент од поединците кои купувале онлајн во последните 3 месеци се минорни на пазарите на ЦЕФТА.
Извор: Податоци на Евростат од 2021 година
Од каде пазарат?
Купувањето преку Интернет најчесто е направено од домашни е-продавачи, особено во Косово, каде што се речиси сите или 98% онлајн купувања направени од домашни е-продавачи. Од продавачи од други земји на ЕУ, најголем процент на поединци кои купувале онлајн во последните 3 месеци е направен во Црна Гора.
Извор: Еуростат (онлајн купувања (3 месеци) како процент на поединци кои купиле онлајн во последните 3 месеци), само Косово* (2020)
https://ec.europa.eu/eurostat/databrowser/view/isoc_ec_ibos__custom_11444869/default/table?lang=en
Податоци за Албанија: Албански институт за статистика (ИНСТАТ), Северна Македонија: Државен завод за статистика
Дигитални вештини
Покрај пенетрацијата и користењето на интернет, поседувањето дигитални вештини се клучни за онлајн купувањето. Индикаторите за вештини на Интернет корисниците опфаќаат пет клучни области: вештини за информациска и податочна писменост, вештини за комуникација и соработка, вештини за создавање дигитална содржина, безбедносни вештини и вештини за решавање проблеми. За да се смета дека поседуваат основни или над основни дигитални вештини, поединците мора да покажат компетентност во сите пет индикатори на компоненти на основно или над основно ниво. Методологијата користена за пресметување на овие показатели беше ревидирана во 2021 година, што ги прави неспоредливи со претходните години. Дополнително, податоците за Косово* во врска со вештините на корисниците на Интернет се од 2019 година и можеби нема целосно да се усогласат со другите економии од ЦЕФТА.
Извор: База на податоци на Евростат 2023 година, податоци за Албанија, Северна Македонија 2021 година и Косово* 2019 година (https://ec.europa.eu/eurostat/databrowser/view/isoc_ec_inb21/default/table?lang=en&category=isoc.isoc_i.isoc_ie)
Поседувањето основни или над основните дигитални вештини кај поединците на пазарите на ЦЕФТА во 2023 година заостанува далеку зад она на ЕУ (27), кое изнесува 55,6%. Највисок процент на дигитални вештини има Црна Гора со 51.02%, додека Албанија има најниски - 24%.